Jolabokaflod - една од најубавите божиќни традиции
Дали сте знаеле зошто Исланѓаните ја поминуваат божиќната вечер со книга во рака и топло чоколадо?
Jolabokaflod - е најубавиот начин за да се помине божиќната вечер.
Само замислете си колку е прекрасно. За Божиќ, од вашите најсакани ја добивате омилената книга и целата вечер ја поминувате спокојно, уживајќи во приказната, со топла напивка во омилената новогодишна шолја.
"Jolabokaflod" во превод значи "Потоп од книги". Две третини од книгите во Исланд се издаваат во ноември или декември. Стотици нови наслови се продаваат во книжарниците или супермаркетите по намалена цена. Тоа е традиција која стана витална за опстанокот на домашната издавачка индустрија. На Бадник традиционално се разменуваат книги или се поминува вечерта во читање.
Традицијата “Jolabokaflod” започнала за време на Втората светска војна, кога хартијата била една од ретките работи што не' недостасувале на Исланд. Поради недостиг на други производи, Исланѓаните започнале да подаруваат книги, претворајќи го Исланд во земја на книгохоличари.
Дефинитивно КНИГИ, ми се на шопинг листата за подароци на моите најсакани.
Убава традиција која би можеле да ја започнеме и кај нас оваа година, зар не?!
Автор: ЧИТАЈ КНИГА
Фотографија: Pinterest