Шест книги за квалитетно поминато време

На сите нас ни е потребно време за себе, време во кое ќе влеземе во некоја приказна која ќе ни го освои срцето. Деновите поминати во самоизолација ни изгледаат многу долги и сѐ што ни е потребно е да избегаме од реалноста која не опкружува.
А добрата книга е секогаш причина за да го направиме времето во карантин поисполнето.

ЧИТАЈ КНИГА ви ги препорачува следните наслови:



1.“Умешноста на војувањето” од Сун Цу,
денес е една од најценетите и највлијателни книги за стратегиите на војувањето, што со еднакво внимание е проучувана и од современите политичари и лидери како што била и од војсководците од дамнешните времиња.

Порачај тука

2. “Психоматика” од Билјана Велковска
Мислите, чувствата и расположенијата можат да прават промени на нашето тело. Тие можат да нè разболат или да нè излекуваат на мноштво начини, што дефинитивно не се само „во нашата глава“.
Порачај тука.

3. “Е, баш ме заболе” од Марк Менсон
„Во животот се соочуваме со мошне ограничен опсег на работи за кои треба да ни е гајле. Оттука, мораме да бидеме многу мудри во поглед на изборот за што треба да ни е гајле, а за што не.“ Менсон преку оваа книга комуницира со читателот многу непосредно и директно, а четивото е исполнето со мноштво интересни приказни и со хумор „без влакна на јазикот“. Овој своевиден манифест во исто време е и една освежувачка шлаканица в лице за секој од нас, што по прочитувањето може да ни овозможи да почнеме да живееме поисполнет и потрезвен живот.

Порачај тука.

4. “Сè е за*бано” од Марк Менсон,
контраинтуитивен водич за проблемите со надежта. Живееме во интересно време. Материјално, сè е подобро од кога и да е, но некако сè изгледа како да е непоправливо и ужасно заебано. Што се случува? Ако некој може да ја именува нашата моментна малодушност и да ни помогне да ја решиме, тоа е Марк Менсон. Во „Сè е заебано“, Менсон исцртува планини од психолошки истражувања базирани на безвременската мудрост на Платон, Ниче, Кант, па и на Том Вејтс, за да ги дисецира религијата, политиката, парите, забавата и интернетот. Со неговата препознатлива комбинација од ерудиција и хумор, Менсон нè предизвикува да бидеме почесни кон себеси, отворено спротивставувајќи се на нашите дефиниции на верата, среќата, слободата – дури и на надежта.

Порачај тука.

 5. “Зен – уметноста на едноставното живеење” од Шунмио Масуно
Тука ќе научите како длабоко да издишувате за да ги исфрлите негативните емоции, како да го средувате својот дом едноставно, што ќе ви помогне да ги расчистите вашите мисли, да ги подредувате обувките навечер за да внесете ред во вашиот ум, да засадите едно цвеќе и да гледате како расте, помалку да се грижите за она што не можете да го контролирате и уште многу други нешта...
Дури и ќе си создадете време за да не размислувате за ништо.
Поедноставете си го животот со уметноста на зен-будизмот и научете како да се чувствувате порелаксирано, поисполнето и со обновено чувство на мир и спокој.

Порачај тука

6. “Ќерката на мојата најдобра пријателка” од Дороти Кумсон
Камрин Матика живее без обврски – една роденденска честитка тоа засекогаш ќе го промени. Камрин Матика и Адела Бренон се најдобри пријателки кои мислеле дека ништо нема да може да ги раздвои – се’ додека Адела не сторила нешто незамисливо и спиела со вереникот на Камрин, Нејт. Кога Камрин ја отрива вистината за нивното предавство, одлучува никој од нив веќе никогаш да не го види. Така започнува тешкото патување кое Камрин ќе ја води кон простувања, љубов, одговорности и, на крајот, подобро разбирање на себеси. „Вистинско уживање!“

Порачај тука.