28 мај - денот на ЧИТАЈ КНИГА: Сѐ за нивните слатки моменти на среќа!
На овој ден е родена нашата “прва учителка” која ни беше светлината на патот по кој чекоревме низ животот со годините, а денес тој пат е уште посветол осветлувајќи го од небото. Бидејќи сакаме овој датум – 28 мај да остане засекогаш запаметен за ЧИТАЈ КНИГА, одлучивме секоја година да го прославуваме на начин така што ќе измамиме насмевка на дечињата од СОС Детското село. Главниот мотив е тоа што речиси 28 000 деца во Република Северна Македонија ги изгубиле или се изложени на ризик да ги изгубат своите “први учители” – нивните родители (извор: Завод за социјални дејности).
ЧИТАЈ КНИГА има за цел да биде пример за овие дечиња и да ја зајакне нивната љубов кон книгите уште од најмала возраст. Ние веруваме дека ниту едно дете не треба да расте само и сметаме дека секое детенце треба да ја почувствува магијата на книгите.
Поради таа цел, испративме сликовници, боенки и приказни, боички и фломастери за нивните среќни и безгрижни детски денови. Жал ни е што оваа година не можевме да ги видиме нивните среќни лица во живо токму на овој ден поради корона вирусот. Но, се гледаме наскоро најмили, за вашите омилени приказни да ги прочитаме заедно!
Со љубов,
Дијана и Христина од ЧИТАЈ КНИГА