"Ќе има друг ден"- Лори Нелсон Спилмен
"Понекогаш, најслатките подароци во животот ги наоѓаме на најнеочекуваните места..."
Емотивна и реална приказна за Брет. Нејзината мајка умира, а зад себе остава наследство. Покрај наследството има и една листа со желби која и припаѓа на Бред. Таа мора да ја заврши својата тајна листа која ја напишала на 14 годишна возраст. На листата се наоѓаат 20 желби.
Животните соништа ќе ја доведат до животен пат кој никогаш не го очекувала.
1. Имај бебе, а можеби и две.
2. Бакни го Ник Никол.
3. Биди дел од групата мажоретки.
4. Добивај чисти петки.
5, 6,7,8,9.... Брет во овие моменти е потиштена од тага и болка од загубата на својата мајка. Таа покрај загубата, во овие моменти смета дека има се' што еден човек може да посака. Таа смета дека како дел од наследството ќе биде и нејзиното назначување на директор на семејната компанија, но на нејзино изненадување тоа не се случува. На местото на директор назначуваат некој што таа најмалку очекува.
Мајка и во наследството од Брет пред се', бара да ја комплетира целата листа со желби. Благодарение на листата, желбите ќе и донесат многу промени во животот. Ќе сфати дека сепак не била во право за многу работи, за кои претходно сметала дека ја исполнуваат во животот. Секоја од желбите ќе ја навртатат на младоста, ќе ја потсетат како да живее, ќе ја освестат за многу работи, но и ќе се соочи со различни ситуации и луѓе. На крајот ќе сфатите дека мајка и со право и ја оставила тајната листа. Со исполнување на секоја желба таа ќе добива по нешто од наследството на мајка и.
Според мене ова е една од најдобрите книги кои ги имам прочитано до сега. Една несекојдневна, емотивна приказна во која се заљубив уште на самиот почеток.
"Љубовта не е тест на издржливост".
"Ќе има друг ден"- Лори Нелсон Спилмен
Автор на рецензија: Изабела Велковска