"Јужњакот со сини очи" Лиса Клејпас

"Осмели се, да се вљубиш."

Една вечер може целосно да го промени вашиот живот. Хејвен Тревис е богата наследничка, која и покрај парите на нејзиното семејство одлучува да се омажи за човек кој незиното семејство не го одобрува. Во овие мигови, отсечена од парите и наследството таа се сели во Пијано, северно од Далас.

"Можеш да чуваш еден куп ракови во плиток сад и ниту еден нема да избега. Бидејќи штом еден ќе почне да се искачува, другите ќе го повлечат повторно назад."

Таа и Ник ќе донесат одлука да живеат заедно и да работат за да си дозволат пристоен и убав живот. Многу работи не' се како што изгледаат на самиот почеток, во овие мигови нејзиниот живот тргнува во нов и опасен правец.

Две години подоцна одлучува да го напушти својот сопруг и никогаш повторно да не стапи во брак. Се враќа дома, решена да го чува своето срце по цена на животот.

"Чувај ги пријателите блиску, а непријателите уште поблиску."

Харди Кејтс е успешен милионер, кој се занимава со нафтена индустрија. Неговото минато е лошо и мрачно, доаѓа од Велком, лошата страна на градот. Тој би направил се' за да биде успешен во својата работа, но и да ја постигне својата посакувана цел. Искачувајќи се кон врвот, тој има стекнато многу непријатели, меѓу нив е и семејството Тревис. Во неговиот ум постои само одмазда.

"Еден од благословите кој човечките суштества го земаат здраво за готово е способноста да се сеќаваш на болката без повторно да ја чувствуваш."

Многу емотивна приказна, која нема да ве остави рамнодушни. Приказна за животите на Хејвен и Харди, за нивното минато, сегашноста и иднината. Иако нивниот живот е далеку од совршен, нивната судбина има друга замисла. Ќе имате многу предрасуди кон одредени ликови, но има и ликови кои ќе ви бидат особено значајни. Ќе се најдете во ситуација во која треба да се донесат тешки одлуки, по цена на животот. Книгата ќе успее да пробуди многу мисли и прашања низ вашата глава.

Ова е приказна која ќе ви докаже и покаже, колку далеку може да стигне една личност, жртвувајќи се за љубовта, по цена и за својот живот.

"Почнав да верувам дека малку пати во животот, ако имаш среќа, ќе сретнеш некој кој е совршено соодветен за тебе. Не бидејќи е совршен, или бидејќи ти си, туку бидејќи сите ваши недостатоци се подредени на таков начин што дозволуваат две одделни суштества да се врзат едно за друго."

"Јужњакот со сини очи"- втор дел од серијал

"Девојка од мал град" - прв дел

 

Автор на рецензија: Изабела Велковска

Наслов

Коментарот треба да се разгледа, пред да се објави!