Дон Мигел Руис, ‘нагвал’ од родот Витези на орелот, е упатен да го сподели со нас своето силно толтечко учење. Толтечкото знаење потекнува од истото суштинско, вистинско единство како и сите други свети езотерични традиции ширум светот. Насочено е кон духовноста и најточно може да се опише како начин на живеење што нè води по патот на среќата и љубовта.
Тој зборува за тоа дека ако не сте задоволни со вашиот животен сон, треба да ги измените тие спогодби и да склучите четири многу моќни спогодби кои ќе ви помогнат да ги раскинете оние што потекнуваат од стравот и ви ја намалуваат енергијата. Ако ги усвоите овие четири спогодби, вели тој, ќе добиете доволно лична сила и храброст да го измените целиот систем на вашите стари верувања, а тие накратко гласат:
-
Беспрекорно користете го својот збор
-
Ништо не сфаќајте лично
-
Не правете претпоставки
-
Секогаш направете се’ што можете
Овие едноставни сентенци, и мудроста која се крие зад нив, ќе ви отворат нови хоризонти, ќе ве наоружаат со храброст и самопичит, ќе ве научат засекогаш да се ослободите од срамот, каењето и (само)презирот.
Ако сакате да живеете среќно и задоволно, мора да имате доволно храброст да ги раскинете спогодбите востановени од други луѓе, а засновани врз стравот, кои ви ја одземаат силата.
Прочитајте ја оваа книга, размислете и ќе склучите спогодба сами со себе, на големо задоволство на сопствената душа.
Оваа книга ја добив како подарок од читателка и сум и бескрајно благодарна бидејќи ми го промени животот и начинот на размислување.
Ти благодарам Емилија од срце!
Порачајте ја "Четири спогодби" тука.
Use left/right arrows to navigate the slideshow or swipe left/right if using a mobile device