Четири книги за самопомош кои мораш да ги прочиташ оваа година
Во оваа објава сакам да ги соберам на едно место книгите кои ми се најзначајни. Книги кои допреа длабоко во мене, ми помогнаа да го остварам мојот сон и ме направија посилна личност. Во нив се кријат безброј непроценливи животни лекции и искуства, практични совети и инспиративни приказни кои ќе ви помогнат да бидете успешни во сите полиња, да си ги остварите вашите најголеми соништа а најголемите стравови да останат сенка.
Разгледајте ги предлозите на Читај книга и започнете со читање!
1. Е, баш ме заболе - Марк Менсон
И како да не ти е гајле за неважните нешта.
Марк Менсон, суперѕвездата во блогерските кругови вели: “Море кој ја ‘врти’ позитивноста. Да бидеме искрени – нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив онакви какви што се.” Среќата е резултат на решавањето проблеми. Клучниот збор овде е “решавањето”. Ако ги избегнуваш твоите проблеми или ако се чувствуваш како да немаш никакви проблеми, тогаш самиот себеси ќе се направиш мизерен. Ако се чувствуваш како да имаш проблеми што не можеш да ги решиш, исто така ќе се чувствуваш мизерно. Како што веќе рековме, тајната состојка е решавањето проблеми, а не тоа да се немаат проблеми. Некаде прочитав дека проблемите се секојдневие и нема бегање каде и да одиме. Поентата е да се “танцува” со нив и да уживаме во целиот процес на решавање. Секој решен проблем е нова доза на допамин. Оваа книга е исткаена без влакна на јазикот.
2. Атомски навики - Џејмс Клир
Дали тешко ги менувате своите навики? Ако е така, проблемот не сте вие. Проблемот е во вашиот систем. Лошите навики се повторуваат одново и одново, не затоа што вие не сакате да се промените, туку затоа што имате погрешен систем за промена. „Атомски навики“ ќе го преобликува начинот на кој размислувате за успехот и за напредокот и ќе ви ги даде потребните алатки и стратегии за трансформација на вашите навики.
Одете бавно, но никогаш наназад.
3. Во вортексот на остварените желби - Ана Бучевиќ
Во втората книга креаторката на позитивната енергија Ана Бучевиќ, ќе ви помогне да откриете техники, со чиј помош ќе привлечете среќа и изобилство. Сите ние сме креатори на сопствениот живот, само некој го креира свесно, а некој несвесно. Сите ние имаме добиено дарба со која ќе знаеме дали сме на добриот пат или малку сме скршнале од него. Таа дарба се нашите емоции. Тие се наш водич и показател на нашите мисли, кои се креативни. Емоциите ни зборуваат какви ни се мислите и што ќе привлечеме во својот живот.
4. Будење на свеста - К.Ангеловска и Р.Витошевиќ
Книгата “Будење на свеста” е водич за лична и колективна трансформација. Сите ние имаме одредена мисија и доколку сите би ја извршувале со љубов и радост, тогаш светот ќе биде едно прекрасно место за живеење и работење, во кое секој поединец двахновен од сопствената извонредност ќе даде придонес кон сеопштото сочувство, мир и љубов. Преземете целосна одговорност за сопствениот живот и сопствените резултати и донесете одлука за промена.