Книга - водич полна со мудрости, "Тајна" - Ронда Бирн

"Тајна" е прекрасна книга, која ќе Ве фасцинира уште во првите страници. Книга која обработува принципи, за тоа како да ги отстраните работите кои не Ви се потребни и кои Ви го отежнуваат живеењето, и како да ги привлечете и задржите работите кои Ве прават среќни и исполнети.

Во оваа книга, Ронда на совршен начин ни ја објаснува линијата помеѓу позитивните работи кои не' опкружуваат и негативните. Таа не учи да веруваме дека доколку мислиме позитивно - добри работи ќе ни се случуваат. И обратно, доколку мислиме негативно ги привлекуваме лошите работи. 

"Тајна" во комплет го промени мојот начин на размислување. Благодарна сум со тоа што го имам и се фокусирам на позитивните и добри работи со кои се соочувам, имам визуелен штит за негативните и песимистички работи, кон кои доколку го насочиме вниманието, голема е веројатноста дека тие и ќе се случат. 

Книга - водич полна со мудрости, во неа ќе научите како да ја применувате Тајната во секое подрачје од секојдневниот живот, вклучувајќи ги: здравјето, благосостојбата, богатството и среќата. Ќе развиете посебна моќ околу Вас, која може да Ви донесе радост во секој дел од Вашиот живот.

 

Книгата може да се порача тука. 

Автор: ЧИТАЈ КНИГА