"Сопругата на детективот" - Мирјана Проданова

Последната книга која ја прочитав е ,,Сопругата на детективот" од Мирјана Проданова, трилер-драма.

Книгата разработува една многу деликатна и осетлива тема која за жал е застапена насекаде околу нас.

Станува збор за семејно насилство и данокот кој го зема. Но овој пат, жртва е самиот извршител односно сопругот, кого го убива неговата со години малтретирана жена Лидија. Лидија сама се пријавува и тврди дека го убила па затоа е приведена се' додека не се донесе ослободителна пресуда. Товарот на докажување вина паѓа врз драг колега и пријател на нејзиниот сега мртов сопруг, па тоа е препрека плус до нејзината слобода.

Во затворот склопува пријателства и ги дознава нивните мрачни дела. Но секое лице си има опачина. Секое делинквентно однесување има длабоки корени во детството. Тие деца најчесто се отфрлени, без мајчинска љубов и заштита, оставени сами против суровиот свет. И не' секогаш го избираат правиот пат.

А ликот на Лидија, за жал го има насекаде околу нас. Таа може да е жената која ни продава наутро леб, онаа што се шета по улица или онаа што живее два спрата под нас.

Книгата има интересен пресврт на крајот, што воопшто не се очекува. Многу ми се допадна, уживав додека ја читав има заслужена 5ка ❤

Книгата може да се порача тука.

Автор на рецензија: Јана Ивановска