"Сопругата на детективот" - Мирјана Проданова

Книга вредна за секоја полица. Доста поучна приказна проткаена со останати кои се поврзани меѓусебно.

Мирна и вредна жена со свои соништа која доаѓа од скромно семејство и која очајно сака да го запознае својот принц на бел коњ. И по некое време откако убаво напредува во кариерата тоа и се случува. Првото запознавање, првиот состанок, се е како сон. Но како што е убаво кажано во книгата, змијата добро ги крие своите нозе. Почнува тортурата и сагата на оваа жена. Но, една работа е што не треба да се направи е да се претпоставува зошто, бидејќи ништо не е како што личи. Добро се прикажани желбата за вторите шанси и борбата за остварување на желбите и нормален живот.

Семејното насилство е доста честа постапка и во денешницата и е нешто што треба да биде истребено. Оваа приказна е само еден пример од кои може да се проучат сите аспекти и начини. Турбулентно возење од почеток до крај.

Неизвесна драма која нема да ве остави да ја спуштите книгата до самиот крај. Постапките на самата Лидија може изгледаат проѕирни, но тие се сѐ друго освен такви. Мистеријата во книгата ќе ве држи константно во неизвесност.

Автор на рецензијата: Бојан Радичевски