"Совршеното дете" - Лусинда Бери
Дефинитивно книга која во мене разгори различни чувства и не беше лесно да се остане рамнодушен на приказната. Мене оваа книга ми даде до знаење колку е важна контролата над моите емоции и моите желби. Особено кога со преголемо фокусирање на нив, можам да ги загрозам сите драгоцени личности во мојот живот. Опфатени многу фактори во книгата и прикажани на подеднаков добар начин.
Во книгата се опишува скоро совршениот живот на Кристофер (хирург) и Хана (Медицинска сестра) и нивната долгогодишна желба за имаат свое дете.
Во книгата се опишува скоро совршениот живот на Кристофер (хирург) и Хана (Медицинска сестра) и нивната долгогодишна желба за имаат свое дете.
Наскоро во нивната болница пристигнува едно девојченце во монструозно ужасна состојба. Тоа девојченце се вика Џејни и според лекарите ја чека долго закрепнување. Лекарот кој беше задолжен за операциите беше Кристофер кој уште од првиот момент кога ја здогледува Џејни ја засака уште истиот момент. Откако операциите се готови и Џејни закрепнува, тој сака да ја запознае со Хана. Но, тој состанок не е добар. Поточно тоа е почеток за малата апокалипса која следи. Другиот проблем со Џејни се околностите под кои беше најдена и сите тврдат дека таа не е обично дете.
Но, љубовта што Кристофер ја чувствува према неа како нејзин татко го заслепува од реалноста, влијае на неговата свест и не е способен да ги воочи фактите што му се кажуваат и настани на кои самиот тој е сведок. Сите вклучувајќи ја и Хана му кажуваат дека таа манипулира со него поради нешто, но тој едноставно не сака да помисли на нешто лошо и постојано бара оправдување.
Кога се соочуваме со проблем треба добро и убаво да размислиме и сите информации да ги гледаме објективно и ако тоа е тешко да се направи. Возможно е само ако нашите чувства ги контролираме што е многу тешко.
Кога се соочуваме со проблем треба добро и убаво да размислиме и сите информации да ги гледаме објективно и ако тоа е тешко да се направи. Возможно е само ако нашите чувства ги контролираме што е многу тешко.
Кристофер не успева во таа битка помеѓу семејството, полека но сигурно расте една голема празнина која се заканува да ги уништи. Одговорите на сето ова лежат во минатото на Џејни кое дефинитивно треба да се разгледа со огромна објективност, за потоа да се побара решение за проблемите кои ги покри Бауерови.
Мене во оваа книга впечаток ми остави стилот на пишување на авторката и нејзиното одлично внимание посветено на деталите, како и тоа колку може да е силен и подеднакво ранлив еден човек. Многу добри поуки можат да се извлечат од тоа.
Книга која очекува продолжение и во кое се очекува да има неверојатна кулминација во која надежно ќе се разреши настанатиот хаос.
Оценка: 5/5
Книгата може да се порача тука.
Автор на рецензија: Бојан Радичевски