"Сите цвеќиња во Париз"- Сара Џио

Тајна соба. Заборавено минато. Втора шанса.

Селин заедно со своите родители живеела во Нормандија, но откако нејзината мајка починала тие одлучиле да се преселат во Париз. По шест месеци од нејзината свадба, таа го губи својот сопруг Пјер. Сега, живее заедно со својата ќерка Кози и својот татко. Тие заедно имаат семејна цвеќарница, која германците ја обожаваат.

"Кога се губи љубов голема колку нивната, дали некогаш може да се исполни празнината?"

Една неочекувана посета од германски офицер, ги води нивните животи во опасност. Тој дознава дека семејството има еврејско потекло, па почнува да ги уценува. Нивната цвеќарница ја обележуваат со жолта ѕвезда. Во овие мигови, Селин заедно со својот татко кројат план за бегство, но набргу се завршува многу лошо.

"... најважните работи во животот се благодарноста, прошката и љубовта...И кога човек вели благодарам, тоа ги прави луѓето среќни. И прошката, бидејќи животот е премногу краток за да се биде злобен. Исто така, не е забавно. И на крај, љубовта- бидејќи кога во срцето човек има љубов, ништо и никој не може да му ја одземе."

Керолајн доживува тешка несреќа и по неколку дена се буди во болница во Париз. Единственото нешто на кое се сеќава се нејзините кошмари од велосипедстската несреќа. Таа вози по тесна уличка, мајка и девојче одат пред неа, а камионот вози кон неа. Подоцна, со помош на докторите, дознава дека живее сама во стан покрај Сена, на една од најпосакуваните локации во Париз.

"Повредените луѓе ги повредуваат другите."

Се спријателува во Виктор, кој е главен готвач во ресторанот каде што таа оди секое утро. Со секој изминат ден почнува да и се враќа дел од сеќавањето. Еден ден сосема случајно, додека го вклучува греењето наоѓа стари писма. Во тие мигови почнува да чувствува некаква поврзаност со ликовите од писмата. Еден телефонски повик ќе и помогне да ги открие долго чуваните тајни, но и теснатаповрзанос со Селин.

"Понекогаш треба да се случи најлошото за од нас да го извади најдоброто."

Прекрасните описи на Париз, со сигурност ќе ве остават без здив. Тажна и срцепарателна приказна за семејството, љубовта, пожртвуваноста и преживувањето. Ќе се соживеете со голем дел од ликовите и нивните животни приказни. Ќе сакате Керолин да го врати своето сеќавање, ќе се молите за Селин, која ќе се обидува да го заштити своето семејство по секоја цена. Како се поврзани приказните на двете жени останува да откриете самите вие.

 

Автор на рецензијата: Изабела Велковска