Рецепт: Топло чоколадо
Меко ќебе, нова книга и топло чоколадо кое ги грее рацете и срцето - дефиниција за совршен зимски ден!
Предлог книга: "Коски на срцето" - Колин Хувер
Состојки:
- 340 ml млеко
- 170 ml шлаг
- 80 gr лешници
- 50 gr црно чоколадо
- мини маршмало
Во тава, загрејте ги млекото и шлагот. Исечкајте го чоколадото во блендер. Во топлото млеко додадете лешници и сечкано чоколадо. Сипете во чаша. Украсете со маршмало и уживајте.
Автор: ЧИТАЈ КНИГА
Фотографија: Теодора Попоска