Рецензија за ,,Љубов во книжарница" од Вероника Хенри

„Го следев срцето и тоа ме однесе во книжарница“... 
Никогаш не помислив дека ќе налетам на книга која истовремено раскажува повеќе приказни, слеани во една, навидум иста приказна.
Ова не е книга која говори или се врти само околу двата главни ликови, ова е книга во која владеат сите споредни, налик, ликови, а толку значајни и влијателни како и оние другите два, протагонистите.
Џулиус отсекогаш бил вљубеник во книгите и таа љубов го наведува да отвори мала книжарница, во мало гратче, предградие на Лондон. И покрај сите препреки и проблеми со кои се соочува, не само тој, туку и самата книжарница, како живо место кое ги сплотува книгите и луѓето кои влегуваат во неа, љубовта кон книгите е онаа клучна состојка која ќе ја спаси книжарницата од затворање.
Тука, во „Љубов во книжарница“, книжарницата е повеќе од место каде луѓето доаѓаат да купат книги и си одат, туку, тоа е место во кое многу животни судбини се среќаваат и се обидуваат да ја пронајдат љубовта и смислата на животот.
Како што напоменав погоре, оваа книга има повеќе протагонисти кои ги спојува книжарницата на Џулиус, која подоцна ја презема неговата
ќерка, Емилија. Обидувајќи се да ја спаси и да не ја продаде, додека читаме се среќаваме со повеќе ликови кои се обидуваат да ја предомислат Емилија да ја задржи книжарницата и сите тие ликови имаат своја приказна, сите тие имаат свои животи и приказни кои авторката ни ги раскажува и се обидува да ни ја долови сличноста на сите двигатели на сторијата, нивната втора шанса за живот.
Нема да се обидам да ја раскажам целата приказна, нема да е фер, туку ќе ви го препорачам ова неверојатно првенче на „Читај книга“.
Сосема солиден и смел избор направиле со нивното првенче.
Добивате повеќе приказни во само една книга!
Дали Емилија ќе ја задржи книжарницата и дали сите ликови во неа ќе ја зграпчат втората шанса која им ја дава животот, зависи од вас.
Купете ја книгата и почувствувајте ја магијата во книжарницата, како и сите ликови кои влегуваат во неа секојдневно, ликови кои ќе сторат сѐ за да го задржат единственото место кое ги собира сите животни приказни на едно место, книжарницата во малото гратче.
Автор на рецензија: Б. Николоски
Автор на фотографијата: Теодора Попоска