Похрабри сте отколку што мислите!

Во книгата инспирирана од нејзиното популарно излагање на TED talk - Teach girls bravery, not perfection , Решма Саџани ги охрабрува жените и девојките да ги прифатат несовршеноста и храброста. 

"Ако ги учиме девојките да бидат храбри и имаме мрежа на поддршка која ги бодри, тие ќе создадат неверојатни нешта."

Замислете си дека живеете без страв дека не сте доволно добри. Дека не ви е гајле како изгледа вашиот живот на "Инстаграм" или што мислат комплетните туѓинци за вас. Замислете си дека лесно се ослободувате од чувството на вина и сте престанале да се раскинувате себеси поради ситни грешки. Што доколку, при соочувањето со секоја одлука, сте го избрале похрабриот пат? 

Во "Храбри наместо совршени", Решма споделува моќни согледувања и искуства со кои ќе ни помогне да ја надминеме нашата обука за совршено девојче и да ја направиме храброста наша доживотна навика. Со тоа што ќе станеме храбри наместо совршени сите можеме да станеме креатори на нашиот најхрабар и најсреќен живот. 

"Сакам секој од вас, да ѝ каже на секоја девојка што ја познава- сестра, внука, вработена, колешка да се чувствува удобно во несовршеноста, бидејќи ако ги учиме да бидат несовршени, и им помагаме да го искористат тоа како предност, ќе создадеме движење на млади жени кои се храбри и кои ќе изградат подобар свет за себе и за секој од нас. "

Дали некогаш сте почувствувале дека го живеете животот што другите го очекуваат од вас, наместо оној што вие вистински го сакате? Кога би можеле да промените нешто без да се грижите дека "некого ќе изневерите", што би било тоа? Дали понекогаш чувствувате дека си создавате преголем притисок да бидете совршени? Да добиете најголеми признанија на работното место? Да бидете мајка која прави се'? Да бидете секогаш учтиви и фини? Дали мислите дека тој притисок ви претставува пречка во кој било сегмент во вашиот живот? 

Книга преполна со приказни за храбри жени од сите возрасти, кои го менуваат светот, еден храбар чекор по друг. На сите ни требаат повеќе (реални) храбри примери што вреди да се следат. 

 

Книгата може да се порача тука.

Автор: Христина Павлеска
Фотографија: Теодора Попоска