"Понекогаш лажам" - Алиса Фини

1.Јас сум во кома
2.Мажот ми не ме сака повеќе
3.Понекогаш лажам


ПОНЕКОГАШ (???) или секогаш, се помешале малку брзините. Исто како и книгата цело време оди напред назад. Нејсе. Битно е дека Амбер е во кома, но е присутна во сегашниот момент може да слуша се' иако не може ни прст да мрдне. Дава невидени напори да се сети што зло ја нашло и како заглавила во ладниот кревет, интубирана, парализирана. Како дошло до несреќата и чија вина е ? Се сомнева во сопругот Пол згоден писател задлабочен во сопствените мисли , а сомнежот е уште поголем кога наоѓа докази за неверство. Мислам кој не би се посомневал , нели? Но дали е тој единствениот кој вреди, кој останал покрај неа во најлошите моменти? Околу приказната ,а особено покрај нејзиниот сопруг се вртка и сестра и Клер. Дали да и верува и што мајка бара нејзиното омилено вино во нивниот дом? Што е со почестите средби на Пол и Клер? Се кова ли заговор против неа или пак тие самите ќе бидат жртви?

Низ книгата ќе прочитате дневник на 10 годишно девојче напишан брутално искрено до најмал детаљ за незгодите кој ќе ги предизвика. И како е способно едно дете да изврши такви работи. Нешто тука смрди.


Книга која ме возеше цело време, неизвесна до крај со интересен осврт.

Топло ја препорачувам на љубителите на психо трилери

Автор на рецензија: Јана Ивановска