"Покана за пријателство" - Лаура Маршал
Покана за пријателство. Напнат и незаборавен роман што до самиот крај не се испушта од раце.
Луиз е жена во 40тите години, со свој сопствен бизнис и со 4 годишно детенце. Мажот, нејзина средношколска љубов, ја има оставено. Поради настаните од минатото, таа има само една блиска пријателка, се има комплетно затворено во себе, има изградено ѕид во кој живее само за нејзиното синче.
Еден ден таа добива чудна покана за пријателство на Facebook од Марија Вестон, девојка за која смета дека е мртва повеќе од 25 години, но нејзиното тело никогаш не е пронајдено.
Во минатото, во нејзините средношколски денови, Луиз била девојка со ниска самодоверба, со голема желба да биде една од “популарните“ девојки на училиште, се здружува со популарната Софи која ја тера да прави работи што не ги сака, прави нешто поради кое ја мачи вина дека таа е одговорна за нејзиното исчезнување, но дали Марија навистина е мртва?
Дејството се одвива во сегашноста (2016) и се навраќа со раскажување на целата приказна во 1989 година.
Оценка: 5/5
Автор на рецензијата: Ана Јаневска