"Поаро и припаѓа на Агата Кристи" - Софи Хана

"Во 2013 година, семејството на Агата Кристи ме замоли да напишам нова мистерија за Херкул Поаро (оттогаш напишав уште три), решив дека треба да си поставам за себе, неверојатно пријатна домашна задача за препрочитување на сите нејзини книги, не само најпознатите за кои сите зборуваа, туку и тие што беа помалку во центарот на вниманието а заслужуваат токму такво место."

Сите знаеме дека Агата е ненадминлива кума на криминалистичката фантастика, чии пресврти не биле подобри веќе 100 години по неа."Убиство во Ориент Експрес", "Смртта на Нил", "Големата четворка", "Пајаковата мрежа" и многу други, сите овие романи се брилијантни, а бројките за продажба покажуваат дека тие се несомнено најпопуларните книги на Кристи. 

"Сепак имам една теорија: Доколку би им дале шанса и на останатите нејзини книги, верувам исто и вие ќе најдете неправедно изоставени скапоцени камења." 




Британската романсиерка Софи Хана, зборува за нејзината последна книга "Убиствата во Кингфишер Хил" - Новата мистерија на Поаро.

Прашање: Четвртата мистерија на Поаро. Дали се навраќате на романите на Агата пред да почнете со пишување?

Одговор: Како доживотен и тотално опседнат обожавател, секогаш ги читам романите на Агата, немам некој посебен распоред пред да почнам да пишувам за Поаро. Можеби за вас тоа изгледа како истражување, ама за мене тоа е вистинско задоволство. 

Прашање: Повторно и во оваа приказна останавте многу верни во градењето на ликовите и успеавте да го задржите вистинскиот Поаро на Агата Кристи. Колку е тешко или лесно да се направи тоа? 

Одговор: Отсекогаш верував дека Поаро и припаѓа на Агата Кристи; јас сум само нова личност која работи со него и никогаш не сум сакала да го присвојам или да го сменам. Има зошто читателите го сакаат, поради тоа сакав да го задржам ликот во целост. После толку години, Поаро го чувствувам за близок пријател, пронајдов лесен начин за да пишувам за него.

Прашање: Поаро во овој роман изгледа најблизок со Кристи. 

Одговор: Јас сум воодушевена доколку и моите читатели го чувствуваат Поаро на начинот на кој отсекогаш посакував, се трудев премногу да останам верна на Поаро кој сите го знаеме, Поаро на Кристи. 

Новите случаи на Херкул Поаро: 

 

Софи Хана (1971) е британска писателка и поетеса, а светска слава стекнува со своите психолошки крими-романи, кои се преведени на 27 јазици. За својата книжевна работа повеќепати е наградувана, а два романа од нејзиниот опус добиле и филмски адаптации. Хана предавала на колеџите во Кембриџ и Оксфорд. Наследниците на Агата Кристи ја одбрале за писател што ќе го напише следниот нов случај на најпознатиот детектив од романите на Кристи, Херкул Поаро, со што ѝ е укажана огромна чест. Живее во Кембриџ со сопругот и со двете деца.



Пишува: ЧИТАЈ КНИГА