"Песната на речните птици" - Лиса Вингејт

"Оваа прекрасна приказна на Лиса Вингејт ни покажува дека иако животните патишта можат да нè однесат на многу различни места, срцето никогаш не заборава каде припаѓаме."

Книга базирана на вистинска приказна. Директорка на сиропиталиште киднапира деца, каде подоцна ги продава на богати семејства низ Америка.

"За стотиците кои исчезнаа и за илјадниците кои не' исчезнаа. Нека не се заборават вашите приказни."

Во Мемфис, 1939 година, Рил Фос и нејзините четири помали сестри и братче живеат во семеен брод-куќа на реката Мисисипи. Една вечер, за време на страшна бура, нивниот татко мора да ја однесе мајка им во болница, во тој момент ја оставаат Рил да ги чува своите сестри и братче. По некое време се појавуваат непознати луѓе, ги земаат децата од нивната куќа, каде подоцна завршуваат во сиропиталиште.
Тие секојдневно веруваат дека еден ден нивните родители ќе се вратат по нив, но за многу кратко време ја сфаќаат суровата реалност. Директорката ги менува имињата на секое од децата. Подоцна почнува и да ги дели по различни семејства, иако Рил се бори да не дозволи нејзините сестрички и братче да бидат разделени, таа не успева во тоа...

Јужна Каролина, сегашност. Ејвери Стафорд е потекнува од богато семејство, има успешна кариера како обвинител, вереник и треба да прави свадба за краток период. Една случајна средба, губењето на својата значајна алка, која и е наследство од баба и и буди многу неодговорени прашања.

Ејвери започнува да копа по минатото на нејзиното семејство, откривајќи многу длабоки тајни поврзани со нејзината баба. Кога сфаќа дека баба и не е способна да и одговори на прашањата започнува патување низ долгото минато на нејзиното семејство.

"Дали би го сменила правецот на нашите животи да можев?"
Емотивна и мрачна приказна, која на моменти ме изненади, запрепасти и едноставно се соживеав со неа. Бев воодушевена од храброста на децата и одлучноста на Ејвери за да го открие своето минато. Чувствував тага, бидејќи невини деца биле третирани како потенцијална заработка, а воедно и гнев кон директорката, која бесчуствително ги отргнувала децата од своите семејства.
Автор на рецензија: Изабела Велковска