,,Перфектна хемија‘’ - Симон Елкелс
За љубителите на миксот од возможното и невозможното и рушењето на бариерите за лубовта како лулка на патот по кој сакаме да се изградиме. Симон Елкелс ни приблужува слатка и страсна приказна за два потполнo различни светови во кои заедничка е пожртвуваноста и љубовта.
Перфектна хемија е резултатот на сите хемиски реакции кои Алекс и Британи ги имаат направено во текот на 4те години поминати заедно на часовите по хемија. Потполни странци еден за друг, судбината која им ја наметнува госпоѓа Питерсон ги става да морааат да бидат врзани заедно колку и тоа истите да не го сакаат.
Алекс е бунтовен, горд и вешт. Тој е од оние големи и лоши момци на другата страна на градот, со силни мускули и челична слика за себе, од која сите се плашат.
Британи пак е слатка мала русокоса со високи стандарди наметнати од нејзиното семејство. ‘’ Богаташката ‘’ со добриот имиџ, кристално јасна и совршена слика за себе, како една од оние барбики со кои си игравме како мали. Но дали тоа се навистина нивните вистински лица?
Книгата нуди интересна и возбудлива приказна за откривање на вистинското јас пред оние за кои знаеме дека нема да не осудуваат. Начинот на пристапот и отварањето на темата поврзана со различното општество е суптилен и лесно воочлив, со доза на наметнување на желбата да не постојат вакви бариери и да се срушат сите стереотипи поврзани со истото . Главната тема е искажана преку тоа дека најчистото олицетворение е љубовта и таа е главната и единствената причина која може да не наведе на подобар и поправен пат.
Ова е приказна и од нашите секојдневие па уште од почетокот Британи и Алекс ги доживувам како пример за тоа како треба да се избориме за она во кое веруваме и го сакаме. Слаткоста и кокетивноста на самата приказна си долева дополнитeлен зачин на целата збрка од настани. Топла книга која се чита во еден здив благодарение на нејзината убавина, која дефинитивно заслужува да се најде на полиците на една библиотека.
Автор на рецензија: Јована Антоска