Нови психолошки трилери кои целосно ќе ве "изместат" од умот

Непредвидливи приказни, зачинети со многу мистерија и одлично изградени ликови.

За сите обожаватели на трилери, нови возбудливи приказни кои целосно ќе ве "изместат" од место и ќе ве остават будни до доцна во ноќта. 

 

Нов трилер од германскиот мајстор Фицек,

"Страв од летање на 7а"

Искусниот и успешен психијатар Мат Кругер е на ноќниот лет за Берлин. Тој мора да го надмине својот паничен страв од летање затоа што едвај чека да ја види својата бремена ќерка, која ја нема видено многу долго време.

Немирот овојпат доаѓа од телефонскиот повик преку кој дознава дека еден од патниците е ментално нестабилен пациент кој воедно е негов поранешен пациент.

Лице кое Кругер го има ослободено од насилни убиствени фантазии. А сега треба да го натера истиот тој нестабилен пациент да го урне авионот, затоа што во спротивно – ќе умре единствената личност на светот која тој вистински ја сака.

Книгата "Страв од летање на 7а" може да се купи тука.

 

"Срца од цимет"

Колку далеку можеш да ги закопаш своите тајни? И да ја скриеш тагата? Колку долго може да се извлечеш со лагите? И колку долго можеш да живееш со тоа?

Ова е приказна за тројца најдобри пријатели: онаа што беше убиена, онаа што отиде во затвор и оној што ја бара вистината сите овие години…

 Книгата "Срца од цимет" може да се купи тука. 

 

"Длабоко во темнината"

 Изолирана планинска куќа. Совршено место за да побегнеш од сѐ и да одмориш малку. Толку изолирано место што никој никогаш нема да те најде.

Ветувањето за луксузен одмор во спа центар во дива природа спојува осум среќни гости на едно место. Но ништо не е онака како што очекувале. Кога опасна бура им оневозможува секаков контакт со надворешниот свет, гостите почнуваат да стравуваат дека ова не е одмор. Туку замка.

Секој од нив има тајна. Секој има нешто што го крие. И сега, кога темнината полека се спушта, сите имаат од што да се плашат… а најмногу еден од друг.

Кога дознаваат за исчезнатата група луѓе, еден детектив и еден експерт за спасување мораат да се соочат со бруталните временски услови на планината за да ги најдат. Но дури ни тие двајца не се свесни колку е драгоцена секоја минута. Затоа што стрелката на часовникот врти, а гостите на Форест Шедоу умираат еден по еден. За нив, преживувањето станува морничава игра како од книга на Агата Кристи.

Книгата "Длабоко во темнината" може да се купи тука.
 

Температурите надвор се совршени за топло чајче и добра книга.

А зарем има поинтересни и повозбудливи книги од трилерите?