"Новиот сопруг" - Д. Џ. Палмер

Никогаш не осудувајте пред да ја слушнете вистината.
Конкретно во приказната се зборува за семејното насилство, постојат жени (како Алисон) кои остануваат во насилни врски или повторно им се навраќаат. Тешко е да се поддржува некој кој повторно се враќа во опасна ситуација. Можеби ќе си помислите: "Што правиш? Знаеш ли дека тоа не е добро за тебе!?". Но вие не сте таа личност. Не го живеете тој живот. Вие не се плашите за вашиот живот. Вие не сте без финансиски средства. Вие не се надевате дека ситуацијата може да се подобри. Лесно е да се осудуваат другите. Тоа не' тера да се чувствуваме надмоќно. Но не им помага на жените како Алисон.

Боли.
Па, што да се прави?
Едноставно е. Не донесувајте избрзани заклучоци.
Имајте скромност, покажете сочувство.
Прашајте: Како можам да ти помогнам?

Пред повеќе од една година Глен, сопругот на Нина исчезна во водите на езерото Винипесоки, саботното утро беше пронајден само неговиот чамец и Дејзи (семејното милениче). Тој зад себе остави низа докази за сериозна афера и исцедена банкарска сметка, но неговото тело никогаш не исплови на брегот.

По седумнаесет месеци во животот на Нина влегува маж, за кој таа верува дека би бил совршениот сопруг и татко на нејзините деца. Но нивните животи се менуваат кога тие ќе почнат да живеат заедно како едно семејство.

Добро креирани ликови, напнат трилер и приказна која носи убава порака.

Види повеќе

 

Автор на рецензијата: ЧИТАЈ КНИГА