"На една свадба" - Џули Џејмс

Специјалниот агент Вон Робертс го следеше состанокот кој се одвиваше неколку маси подолу. Сидни Синклер ја има откажано својата свршувачка пред шест месеци. Таа ги мрази мажите кои се самоуверени, шармантни, привлечни, нездраво убедливи, згодни и досетливи. Беше свршена со ваков тип на човек и и беше многу јасно како ќе се одвиваат работите.

Една вечер нејзината сестра и соопштува дека ќе се мажи после тримесечна врска. "А зошто би сакал да и се посветиш само на една личност сега? За мажите кои се привлечни како ти, овој град е една огромна слаткарница полна со толку многу шарени и слатки колачиња што не постои теоретска шанса да одбереш само едно."

Вон Робертс е човек кој сака да се забавува. Слободен маж кој излегува со различни жени за да си помине добро и убаво. Тој едноставно уживаше во ваквиот тип на живот. Се се менува една вечер кога тој оди на вечера со својот брат, каде треба да ја запознае неговата девојка. Тие му соопштуваат дека наскоро ќе се земат. "Верувај ми дека ова е најучтивата од сите работи кои чекав да ти ги кажам цела вечер." Сега Сидни треба да биде старосватица на свадбата кај незината сестра, Изабел, а Вон кум. Сидни цврсто стои на одлуката дека ќе го игнорира Вон, но Вон не може да продолжи понатаму додека не ја заврши оваа мисија.

Како ќе се одвива заплетот на настаните, останува да откриете самите вие. Како и секогаш, Џули е тука да ве насмее и расположи. Одлична романса која топло ви ја препорачувам.

Книгата може да се порача тука.

Автор на рецензија: Изабела Велковска