Најубавите божиќни честитки кои ќе ве стоплат во студените зимски денови

Мирис на топло чоколадо, колачиња со цимет и добра приказна која ќе не прошета на некое убаво и магично место. И покрај тмурната година, ние ја чувствуваме празничната магија во нејзините последни денови.

Дали има нешто поубаво од уживање под омиленото ќебе покрај накитената елка и мирисот на вкусно кафе? 
Наша најтопла препорака за вас е книгата "Еден ден во декември" 

ЧИТАЈ КНИГА за вас ги издвојува најубавите честитки:

1. Јас го носам Божиќ во срцето и го чувам во текот на целата година.

2. Кога последната свеќа на Бадник догорува, слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божик, Христос се роди!

3. Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божикното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов!

4. Да успееме да ја зачуваме магијата на Божиќ во текот на целата година, за да бидеме подобри, да сакаме посилно и да правиме по едно мало чудо секој ден. Среќен Божиќ!

5. Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори! Сѐ што правите, каде и да одите, нека биде благословен вашиот пат. Среќен Божиќ!

6. Денес опростете им на оние кои ви згрешиле, подарете им љубов на најблиските, помогнете им на тажните, а на полноќ погледнете во небото – ќе видите ѕвезда што оди и тивко изговорете Христос се роди!

7. Денес радоста доаѓа од небото и тоа е она што ви треба. Бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов. Имајте мир во вашиот дом. Среќен Божиќ!

8. Најдобриот начин за да се прошири Божиќната убавина е да се пее гласно, со целото срце.

Само запаметете дека духот на Божиќ се крие во вашето срце.

Автор: ЧИТАЈ КНИГА
Фотографија: Теодора Попоска