Мудри цитати кои ја доловуваат магијата на читањето!
Секоја прочитана книга е богатство.
ЧИТАЈ КНИГА за вас издвојува неколку моќни цитати поврзани за книгите и читањето, што ќе останат длабоко во вашите срца и ќе ве натераат да го засакате читањето уште повеќе.
„Учете и читајте сериозни книги. Животот ќе се погрижи за останатото.“ – Фјодор Достоевски
„Ако читате само книги што сите други ги читаат, ќе го мислите само она што сите други го мислат.“ – Харуки Мураками.
„Некои книги се за да бидат вкусени, други за да бидат голтнати, но само неколку се за да бидат изџвакани и сварени.“ – Френсис Бејкон
„Сите книги се слични во тој поглед што се повистинити од она што се случува во вистинскиот живот и откако ќе прочитате некоја книга ќе се чувствувате како сè тоа да ви се случило вам, и потоа сè ќе ви припаѓа вам.“ – Ернест Хемингвеј
„Човекот кој не чита добри книги не е ништо подобар од човекот кој не знае ни да ги прочита.“ – Марк Твен
„Дом без книги е како тело без душа.“ – Марко Тулиј Кикерон
„Нема поисполнети денови од детството од оние поминати со омилената книга.“ – Марсел Пруст
„Книгите се бродови кои пловат во пространите мориња на времето.“ – Френсис Бејкон
„Најголемиот универзум се содржи во колекција на книги.“ – Томас Карлајл
„Книгата е сон кој го држите во рацете.“ - Нил Гејман
„Доаѓа време кога треба да се одлучиш – дали ќе ја свртиш страницата или ќе ја затвориш книгата.“ - Џош Џејмисон
„Можеби не постојат подобро исполнети денови од нашето детство, од оние поминати со омилената книга.“ - Марсел Пруст
„Ги делам сите читачи во две групи: оние кои читаат - за да запаметат и оние кои читаат - за да заборават.“ - Вилијам Фелпс
Книгите ја имаат моќта да ви ги прошират видиците и да ве поттикнат да внесете промена во начинот на кој гледате на животот и светот околу вас. Тие неретко ви нудат бегство од реалниот во свет полн со нови идеи, фантазии и непроценливи мудрости.
Грабнете ја книгата која подолго време ви стои на полицата и со сигурност ќе потонете во приказна која ќе ви создаде простор каде што ќе уживате и за миг ќе заборавите на светот околу вас.
Фото: Теодора Попоска