"Коски на срцето" - Колин Хувер

Хувер уште еднаш ми докажа дека за романси е незаменлива.

Го обожавам нејзиниот стил на пишување, бидејќи секогаш е лесен и читлив. Уживав во секој збор и ја впивав секоја страница. Прекрасна љубовна приказна како и сите претходни од неа. Ликовите ми беа одлични, толку вистински, толку комплексни. Го следиме нивното патување низ летото,скоро како да е наша приказна. А приказната е едноставно добро напишана, толку лесно вплетена што кога ќе ја почнете не ви се остава до крај. Хувер ни ги опишува растењето, созревањето, преживувањето во овој суров свет, донесувањето одлуки и одговорноста која доаѓа со нив. Добра релаксирачка книга која ќе ве одведе на патување на полуостров во Тексас. Дефинитивно задоволувачки.

Хувер ни го открива реалниот живот преку очите на Беја. Млада девојка која поминува низ тежок живот без скоро никаква љубов и поддршка од нејзината мајка - зависник од дрога. Кога мајка и починува таа мора да го повика својот татко, бидејќи и треба место за престој. Татко и' кого го гледа само преку лето и не го видела две години не знае ништо за неа и за нејзиниот живот. Беја добива стипендија за колеџ во Пенсилванија и мора два месеци да помине со татко и до нејзиното заминување. Бидејќи тоа е единственото решение останува на еден полуостров во Тексас со татко и.
Кога ќе пристигне таму нејзиниот план го разнишува соседот Самсон кој и се вовлекува под кожа. Беја и Самсон се како две половини кои одлично се спојуваат.

Настанува хемија помеѓу нив и се согласуваат на летна авантура. И двајцата оштетени од животот пробуваат да се исцелат еден со друг. Но, позади Самсон се кријат мистериозни прашања на кои одбива да одговори. И тогаш од еден неочекуван пресврт настанува хаос. Беја впловува во опасни и непознати води,а срцевата коска повторно и се крши. И така по патот до среќата Беја се спознава себеси, се сака себеси и им простува на другите. Како доволно храбра оди по тој пат и се обидува да биде среќна дури и кога не е.

Срцето нема коски, тоа е научен факт, но кога животот е крајно уништувачки, тогаш се крши коската на срцето која најмногу боли. Ова е едно емотивно, проникливо, вознемирувачко четиво, со многу мисли и чувства кое и вас ќе ви го скрши срцето додека го читате. Ја сакам оваа приказна исполнета со многу тага, бидејќи Беја и Самсон ги одржуваше нивната надеж и радост и се држеа до верувањето дека срцата не можат да се скршат затоа што немаат коски.
Дефинитивно уште една убава романса од Хувер.

Книгата може да се порача тука.


Автор на рецензијата: Ана Ѓурова

Наслов

Коментарот треба да се разгледа, пред да се објави!