КНИГА - Најдобриот пријател за летниот одмор

Веќе сме на средината од летото, некои веќе беа на летен одмор, а други допрва треба да заминат... други пак одлучуваат да останат дома. Кој и да е изборот, книгата секогаш е верен придружник, а и прекрасен аксесоар за на плажа. Таа е одлично друштво каде и да се наоѓате и совршен начин за релаксација и одмор од електронските уреди. . 

ЧИТАЈ КНИГА за вас одвојува неколку наслови кои совршено ќе се вклопат во вашите дневни распореди. И дефинитивно летото е комплетно само со книга во рака.

1. "Жената на прозорецот" -  Што е реално? Што е замислено благодарение на тешките апчиња што ги пие за нејзината состојба? Кој е во опасност? Кој ја има контролата? Во овој нездраво неизвесен трилер, ништо и никој не е тоа што се чини дека е.

2. "Образована"  - Незаборавни мемоари за едно девојче кое, откако ќе се осмели да замине од семејството, завршува докторски студии на Кембриџ.

3. "Лето на љубовта"Кој знае каква љубов може да се доживее за време на летото?

4. "Вистинскиот за мене" - Паднат боскер.
Жена со скршен сон.
Мрачна тајна што има моќ да уништи сè…

5. "Сета наша погрешна сегашност"е несекојдневна приказна за неочекувани патувања и алтернативни патеки, семејство, пријателство и љубовта во нејзините најразлични форми и облици. Патување низ времето, но и низ животот на еден човек кој ќе научи кој можел да биде, но можеби никогаш не требало да биде, што на крајот ќе го доведе до кој навистина е.

Па, одберете го она кое мислите дека најмногу ќе ви се допадне и уживајте!

 

 

Овие предлози не ви се доволни? Погледнете ги останатите книги за кои имаме пишувано.

Наслов

Коментарот треба да се разгледа, пред да се објави!