"Калуѓерот што го продаде своето ферари" - Робин Шарма

"Без оглед на тоа што се случува во твојот живот, ти имаш можност да избереш како ќе го прифатиш тоа."

Приказна за Џулиен Ментлу, врвен и светски познат адвокат, чиј неурамнотежен начин на живот ќе го доведе до фатален инфаркт во преполната судница.

Цитат на Винстон Черчил за големината на човекот каков што беше Џулијан:
"Среќен сум дека ние денес сме господари на нашата судбина, дека задачата што е поставена пред нас не е надвор од границите на нашата моќ, дека маката и болкста не се надвор од границите на мојата издржливост. Се додека веруваме во сопствените идеали и бескрајната волја за победа, победата нема да ни биде недостижна."

Работите не биле толку идилични како што изгледале на прв поглед. Џулијан пропаѓал на емотивен, психички и духовен план. Лекарите му поставиле ултиматум да се откаже од правото или од својот живот.

Во тие мигови тој видел идеална можност за повторно да се пронајде себе си и смислата за живот, пред да биде предоцна.

"Секоја секунда што ќе ја поминеш размислувајќи за туѓите соништа, ја одземаш од твоите сопствени."

Со надеж дека ќе доведе нови промени, ќе пронајде среќа и исполнување тој започнува едно необично и долго очекувано патување. Патувањето во Индија не бил само одмор за опуштање на умот, туку и одисеја за откривање на самиот себе. Запознавајќи едне стара култура открива моќен начин како да го ослободи потенцијалот на својот ум, тело и душа но, и како да живее со повеќе страст, смисла за живот и мир.

"Како може некој, кој само пред неколку години изгледаше како уморен, стар човек, сега да изгледа толку блескаво и живо?"

Книга која ќе ви покаже како да ги промените нештата, ќе ве научи да се сакате себе си, но и да ја пронајдете смислата за живот.

Книгата може да се порача тука.

Автор на рецензија: Изабела Велковска

Наслов

Коментарот треба да се разгледа, пред да се објави!