"Исповеди" - Колин Хувер
Обурн Рид, пораснала во Портланд, во Орегон. На петнаесет години го посетила Тексас, иако престојот воопшто не и бил пријатен, таа во ниту една секунда не се кае за тоа.
На дваесет и една година губи се што и е важно во животот. После сите случувања се обидува повторно да го изгради својот свет. Таа е девојка која ги мрази своите одлуки кои ги донела во животот, си ја мрази кариерата, очајно и треба втора работа и и недостига Портланд. Животот во центарот на Далас не се споредува со животот во Портланд.
Еден ден го забележува натписот на една зграда: "Се бара помош. Тргнете за да се пријавите." Излозите на предниот дел од зградата се прикриени со парчиња хартија, прикривајќи ја внатрешноста на зградата. Во еден миг започнува да ги чита зборовите и изразите напишани со различни ракописи, а веќе во наредниот миг добива работа во уметничкото ателје.
Овен Гентри е уметник, кој има свое ателје. Тој на уникатен начин добива инспирација за своите уметнички дела. Неговото минатото и длабоката тајна од минатото можат да го уништат она што и е важно на Обурн.
Обурн и Овен чувстуваат взаемна привлечност, но доколку тој сака да ја спаси нивната врска ќе мора да се исповеда.
Емотивна љубовна приказна која ќе успее да го задржи вашето внимание до последната страница. Книгата е напишана и од гледна точка на Обурн и Овен, така се запознавате со секој од ликовите и нивните борби неизмерно, што го прави романот сè поинтересен.
Исповеди, тајни, низа случувања и незаборавни моменти се кријат низ страниците на овој роман.
"Кога сум со тебе, мислам на сите прекрасни нешта што можам да бидам ако сум без тебе."
Оценка 5/5
Автор на рецензијата: Изабела Велковска