Изолација во природа: Предлог книга која буди смирувачко чувство

Се наоѓаме во ситуација каде што мораме да се заштитиме, принудени сме да се изолираме за нашето добро, сега е најубавиот момент да ја зајакнеме врската со книгите. Книгата е нашиот најдобар пријател, а читањето во природа ни буди едно пријатно и смирувачко чувство.

Брајан Трејси во книгата Моќта на самодовербата” ќе ви помогне да станете незапирливи, неодоливи и бестрашни во секоја област во животот.

Самодовербата е моќна работа. Тоа е способност да се осмелите да ги преземете потребните ризици без гаранција дека ќе успеете. Ако зрачите со самодоверба, ќе го постигнете посакуваниот резултат и ќе бидете побрзи, поефикасни во тоа што го работите и секако успехот ви е загарантитан.

Брајан Трејси, најпознатиот светски гуру за мотивација и продажба, несебично споделува со нас повеќе практично докажани техники за развивање на самодовербата, која е клучна за успех и среќа во сите полиња.

“Само оние што се осмелиле да веруваат дека нешто во нив е понадмоќно од околностите – само тие постигнале нешто величенствено.” - Брус Бартон

Искористете ги убавите сончеви денови, на место кое ве опушта, со книга која ќе ви го промени начинот на живеење и ќе ви го направи животот поубав.