"Заколната на молк" - Линда Кастиљо
Некои вистини се толку ужасни, што е подобро никогаш да не се разоткријат... Некои злосторства се премногу незамисливи за да бидат решени ...
Дејството се одвива во мало, мирно рурално гратче во Охајо каде Амишите и другите жители живеат спокојно. Но таа спокојност е разнишана од серија брутални убиства пред 16 години, а сагата се повторува и сега.
Низата убиства на млади девојки убиени на ист начин како и порано водат до заклучок дека делата ги сторил истиот извршител.
Но дали е тоа можно? Сите веруваат дека е пак тој ,,Убиецот од кланицата", но само Кејт (началничка и бивш Амиш) знае дека тоа е невозможно. Сака да ја потврди таа теза, па копа во минатото кое скоро е целосно заборавенo, но не' и преболено.
Насекаде ја следат нејзините демони и мрачните тајни од минатото. Време е повторно да се соочи со нив колку и тоа да е тешко за неа и нејзиното Амишко семејство, од кое одамна е откажана бидејќи не се пронаоѓа во таквиот покорен начин на живот. Нејзините амбиции се преголеми. Но дали се доволни овојпат да го фати злосторникот и да запре уште едно убиство?
Книгата лично многу ми се допадна. Запознав една нова култура - културата на Амишите и нивниот начин на живот. Од Кејт научив дека во ред е секој да чекори по својот пат, без разлика дали тоа му се допаѓа на другите околу нас. Дејствата на извршителот се опишани до најмал детаљ, па доколку имате осетлив стомак не ја читате. Но тоа е и суштината на ваквите крвави трилерите, да не размрдаат и згрозат.
Ја препорачувам на сите кои сакаат трилери и уживаат во нив, исто како и јас. Од мене 5
"Заколната на молк" - Линда Кастиљо
Автор на рецензијата: Јана Ивановска