"Жив мртовец" - Шерон Болтон

Ако барате трилер, кој целосно ќе ве изврти за 180 степени, ова е тој. "Жив мртовец" е малку поинаков трилер кој на самиот старт се знае кој е негативецот, добро барем парцијално и после приказната тече по тоа.

Станува збор за две сестри( Изабел и Џесика), кои роденденот на Изабел го поминуваат во авантуристички дух со возење во балон на топол воздух. Возењето тече одлично и многу забавно. Но, таа забава е мирното ветре пред бурата што ќе настане и нејзините последици се од катаклизмички карактер. Навидум стандардна несреќа, жртви, непознат сторител за полицијата, место на несреќа. Навидум сите мртви, но едниот преживен бега и не верува на никој. Се на почетокот личи нормално, но дали е?. Убиецот ја лови и ја следи безмилосно, кој како неа многу е интелегентен и смирен. За секоја реакција и патец на однесување во книгата има добро објаснување, иако на старт нема да биде се јасно.

Секоја страница е мал дел од сложувалката и нема да имате никаква појма кој е што, се до самиот крај. Одличен наслов, одлична книга. Дефинитивно вреди да се прочита оваа книга, како и останатите од оваа генијална авторка.

Оценка: 5/5

Автор на рецензијата: Бојан Радичевски