"Жената на прозорецот" - А. Џ. Фин
Лично до сега еден од ретките трилери кои ме наежиле додека ги читам во буквална смисла. Се работи за една жена која е затвореник во својата куќа, на која животот и го сервирал најлошото. Живее на нездрав начин со многу вино и поради својата состојба со многу лекови и регуларни посети од нејзиниот пхсихијатар како и киропрактичар. Книга во која се опишува нејзиниот регуларен живот, како и злосторството на кое она е сведок од својот прозорец додека ги шпионира своите соседи. Но, сепак кога го пријавува тоа се' е игнорирано поради заклучокот дека таа халуцинира поради тоа што пие доста лекови кои го предизвикуваат тоа и како нејзина мала тајна, она ги меша со вино, што знае дека не треба.
Но главното прашање што се поставува е тоа ‘’Што е вистина, а што е халуцинација‘’?
Добра порака на авторот е дека кога нешто се испитува, потребно е да се испита до сам крај, без да се базира тоа на заклучоци според внатрешните фактори на самата личност што анализира и да се даде шанса на сите, без разлика во која состојба се.
Дефинитивно трилер и драма што вреди да се прочита, како и што е познато за ова ремек дело, во иднина веќе е најавен и филм.
"Жената на прозорецот" - А. Џ. Фин
Оценка: 5/5
Автор на рецензијата: Бојан Радичевски