Есен во Истанбул со "Солзите во морето"
Здраво читатели. Подолго време ви немав ништо напишано, бев зафатена периодов со некои задачи и сега најдов време накратко да ви раскажам за моето патување во Турција.
Истанбул го посетив за прв пат и се' уште сум под импресии од градот на два континента. Прекрасен е. Имаше фотографии кои ги објавував на инстаграм и фејсбук и со кои ве оставив и вас да уживате, но сакав тоа патување да го забележам и на нашиот сајт. Воедно целта на оваа објава ми е да ви раскажам за другарите кои ги запознав на тоа патување. Нема да ви раскажувам за луѓето кои ги запознав таму и кои се прекрасни. Тие навистина заслужуваат посебно внимание и сум благодарна што ги запознав.
Овде во кратки црти ќе ви раскажам за Флоријан, Јоана, Емилија ...
Случајно ја избрав книгата "Солта во морето" за моја придружничка во ова патување, без посебни очекувања за неа, во мислите го имав морето и фантазијата за убава фотографија, за возврат добив приказна која засекогаш ќе ја паметам. Јас не сум обожавателка на историски драми, ниту на приказни поврзани со војните, оваа приказна допре многу длабоко во мене.
Во оваа приказна се раскажуваат животните приказни на неколку луѓе – ХЕРОИ. За нивната борба за преживување, за нивните семејства. Луѓе од различни националности, но со една желба. Во оваа историска фикција на многу посебен начин е опишана љубовта, довербата, храброста на тројца млади желни за безбедност и слобода.
Нивните патишта се вкрстуваат на пат кон "Вилхелм Густлов", брод кој ветува спас. На него се води битка за живот, кој да преживее? Бродот тоне од преоптовареност, се случува незамислива трагедија. Овој трогателен роман е инспириран од вистинска трагедија.
Јас оваа приказна врежана во душата ја прошетав низ убавиот Истанбул.
Ве оставам да уживате со Рута Шепетис.
Книгата може да се порача тука.
Им благодарам на мојата туристичка агенција ESCAPE TRAVEL за оваа можност и за професионалноста, со сигурност ќе се дружиме повторно на некое друго патување.