Ернест Хемингвеј - “Мора да се навикнеме дека на најважните крстопати, не наоѓаме секогаш знаци.”
Ернест Хемингвеј – еден од највлијателните литерати за своето време, кој до денес ја носи таа титула. Тој е писател со авантуристички дух, добитник на Пулицеровата награда за романот „Старецот и морето“ во 1953 година и Нобелова награда за книжевност една година подоцна. Тој говори за животот, љубовта, успесите... неговите моќни мисли засекогаш остануваат врежани во вашата душа.

ЧИТАЈ КНИГА за вас ги издвојува следниве цитати:
- “Не постои поверен пријател од книгата.”
- “Секогаш направи го трезен она што си го рекол дека ќе го направиш пијан. Тоа ќе те научи да го држиш јазикот зад забите.”
- “Најдобриот начин да откриеш дали можеш да веруваш некому е да му веруваш.”
- “Кога луѓето зборуваат, слушај во целост. Повеќето луѓе никогаш не слушаат.”
- “Животот на секој човек ќе заврши исто. Постојат само детали за тоа како живеел и како умрел кои го разликуваат од другите.”
- “За да можеш да пишуваш за животот, прво мора да го живееш.”
- “Можат да нè понижуваат, но нè можат да не понижат.”
- “Младоста ја имаме за да правиме глупости, а староста да жалиме за глупостите.”
- “Мора да се навикнеме дека на најважните крстопати, не наоѓаме секогаш знаци.”
- “Чувај ја бистрината во главата и поднеси го патењето на достоен начин.”
- „Никогаш немој да одиш на патување со некој кој не го сакаш.“
- „Среќата кај интелигентни луѓе е најреткото нешто што го познавам.“
- „Обожавам да спијам. Мојот живот има навика да се распаѓа кога сум буден, ме сфаќаш?“
- „Најболното нешто е да се изгубиш себеси во процесот кога сакаш некого премногу, и да заборавиш дека и ти си посебен исто така.“