"Девојката од писмото" - Емили Гунис

Девојката од писмото - Драма испреплетена со мистерија и трилер моменти. Приказна која верувам дека долго ќе ја паметам и затоа најтопло ви ја препорачувам. ❤️

Динамична книга, но не пребрза. Прекрасни ликови, предобро креирани, вистински ХЕРОИНИ! Ова е книга според настани кои се случувале во наше блиско минато.

Што се случува во католичкиот манастир Света Маргарита?! Вистина што ќе ви ја заледи крвта, вистина од која ќе се згрозите од настаните кои се случувале зад затворените врати на оваа мрачна, страшна куќа - која што истовремено била засолниште на немажените мајки и доенчиња.

Саманта Харпер е новинарка и самохрана мајка, која е во потрага по приказна која ќе и донесе возбуда и која кариерата ќе и ја крене на повисоко ниво. Трагајќи по таква возбуда, налетува на писма стари 60 години, писма напишани од девојка заглавена во манастирот Света Маргарита. Целиот бес истурен во тие писма, во кои до најмал детаљ е раскажано низ што поминуваат бремените девојки и малите дечиња.


Ајви Џенкинс во 1956 година, останала бремена од човек кој не сака да се ожени со неа, а нејзиното посрамотено семејство ја праќа во манастирот Св. Маргарита. Без никаква поддршка и за да ја "одработи" својата казна прифаќа да остане во манастирот, а откако ќе се породи ќе може да го напушти и да си продолжи со животот. Таа таму ќе донесе на свет девојче, кое против нејзина волја ќе биде дадено на посвојување. Дури тогаш и е јасно дека тоа што прифатила да остане во манастирот и е најлошата одлука во животот. А што по 'одработувањето на казната'? Зошто таа не може да го напушти манастирот? Што е тоа што се случува во манастирот?

Ова се прашања кои ја прогонуваа Сем (новинарката) и згрозена од целата оваа приказна која ја прочита, тргнува во потрага по трагичната вистина. А манастирот ќе биде срушен за неколку дена. Таа сега има прилика да реши мистерија долга 60 години и треба да е брза.

А вистината која ќе ја дознае е вистина која никогаш не би можела ни да ја замисли.


Од каде тие писма се најдоа баш помеѓу работите на нејзиниот одамна починат дедо?

 

Оценка: 5/5 

Автор на рецензијата: ЧИТАЈ КНИГА

Наслов

Коментарот треба да се разгледа, пред да се објави!