"Врати ме назад" Б. А. Парис

"Врати ме назад" ќе ве натера да се сомневате во се' и секого до последната страница... Искрено имав поголеми очекувања од книгава - бидејќи книгата "На раб на лудило" од истата авторка, ми беше прејака. 

Дејствата во книгата се случуваат сега и порано, а јас сакам такво развивање на приказните. 

Млад и заљубен пар - Фин и Лејла се враќаат од нивниот одмор, во Франција, тие возат по автопат кога Фин одлучува да застане за да отиде до тоалет и ја остава Лејла заспана во колата. А кога тој се враќа за кратко време во колата нема никој, Лејла ја нема на нејзиното седиште, таа исчезнува во темнината и повеќе никој нема да ја најде. 

По 12 години, Фин е во врска со сестрата на Лејла - Елен. Тој потајно барајќи ја Лејла во Елен, се вљубува во неа. Заедничката болка и тага по Лејла ги спојува и тие сега веќе ја планираат нивната венчавка. Елен за разлика од Лејла е со мирен темперамент, секогаш тивка и заљубена. А Фин? Фин се бори со чувствата, останат помеѓу двете сестри, секоја ја сака на посебен начин. Но што се крие зад Елен? 

Се случуваат многу чудни работи, се појавуваат предмети од минатото на Лејла. Се појавуваат чудни мејлови, мејлови од непознати луѓе кои кријат тајни пораки и траги, предупредувања. Од кого се тие пораки? Дали од неговата бивша девојка, или пак од најдобриот пријател? Кој си игра со неговите чувства? Дали Лејла се враќа после 12 години? Тој се сомнева во секого. Преполн со прашалници и недоверба, во кого треба да верува? И вие ќе се сомневате, се' до последната страница.

Ве оставам да уживате на начинот на кој ќе ве возбуди приказната.

 

Автор на рецензија: ЧИТАЈ КНИГА

 

 

Наслов

Коментарот треба да се разгледа, пред да се објави!