Волшебни класици за вашата домашна библиотека

Класиците се дел од непроценливото богатство на човештвото.

Истражувањата покажуваат дека читањето на класици значително го збогатуваат фондот на зборови. Тие изобилуваат со зборови што повеќе не се во секојдневна употреба, ја подобруваат способноста за пишување, несвесно се апсорбираат граматиката и стилот на авторот и се подобруваат вербалните способности. Исто така тие се извор на нови идеи затоа што лекциите од класичната литература имаат голема тежина и токму поради тоа читањето книги од класичната литература претставува огромен предизвик.

ЧИТАЈ КНИГА ви ги препорачува следните четива што дефинитивно заслужуваат посебно место на полиците во вашите домашни библиотеки.

 

 

“ГОРДОСТ И ПРЕДРАСУДА” – Џејн Остин

Приказната го следи животот на главниот карактер Елизабет Бенет, која се соочува со прашањето на манирите, воспитанието, моралот, етиката, образованието и бракот во англиското општество на крајот на 19 век.

Гордост и предрасуда е сè уште интересна за модерните читатели и се наоѓа на врвот на листите за најчитани книги.

Нарачај тука

 

“МОБИ ДИК ИЛИ КИТОТ” - Херман Мелвил

Ахав, капетан на американскиот китоловен брод Пиквод, тргнува да му се одмазди на големиот бел кит, наречен Моби Дик, кој му ја одгризал ногата, но во тој манијачен лов на китот загинуваат и капетанот и целата негова посада, освен еден, Исмаил, сведокот што во прво лице ни ги раскажува собитијата. Сепак, Моби Дик не е реалистичен роман за егзотични морски авантури. Во него се испреплетуваат природонаучни факти и народни верувања, детална дескрипција на природните феномени и симболички претстави.

Нарачај тука.

 

“МАЛИОТ ПРИНЦ” – Антоан де Сент-Егзипери

За „Малиот принц“ често се вели дека е детска книга што треба да ја прочитаат и возрасните. Ова е приказна за пилот кој се нашол во пустина со момче од друга планета откако неговиот авион се срушил за време на Втората светска војна. И додека тој се обидува да го поправи својот авион, малиот принц наредните осум дена ќе му ја раскажува својата интересна животна приказна. Книга што и да ја прочитате три пати во животот, секогаш ќе имате поразлично мислење и впечаток од претходно.

„…човек гледа добро само со срцето. Најсуштественото е невидливо за очите.“

 Нарачај тука.

 

“БОЖЕСТВЕНА КОМЕДИЈА” – Данте Алигиери

Божествена комедија е обележје на италијанската литература и се смета за „енциклопедија на средновековието“. Оваа поема претставува прониклива христијанска визија за амбивалентната природа на човековата судбина, од една страна како краткотрајна, а од друга страна како бесконечна. Божествена комедија исто така може да се чита и како алегорија што ги отсликува општествено-политичките проблеми што ги сведочел и во кои учествувал и самиот Данте. Тој во поезијата наоѓа средство за посочување на крвавиот хаос на земјата и помеѓу луѓето, за нивниот стремеж за власт и насилство, а во исто време и средство за осветлување на возвишеното и на Доброто. Данте Алигиери е италијански поет и една од најважните фигури во светската литература. Негово најпознато дело е поемата Божествена комедија, што се смета за врвна реализација на класичната книжевност.

Нарачај тука

 

„Ана Каренина“ – Лав Николаевич Толстој

Русинките поинаку се воспитуваат, кога нешто не е во ред, нужно мислат дека самите се криви за тоа. Ана се фрлила под воз, но пред тоа мудриот спахија Толстој ни раскажал една од основните приказни во историјата на модерниот роман, приказна за сфаќањето на човечката слобода и женската независност.

Нарачај тука.

 

“Големиот Гетсби” - Френсис Скот Фицџералд

Големиот Гетсби е меѓу најславните романи за падот на „американскиот сон“ и моралната декаденција на монденското општество. Овој роман ја прикажува „добата на разочарувањето“, или според Фицџералд „ерата на џезот“.

Нарачај тука.

 

Уживајте во читањето!