Возбудлив трилер со одличен пресврт - "Мали црни лаги" од Шерон Болтон

Книга која за мене беше необичен трилер, но со многу добра порака во самата книга претставена на маестрален начин. Авторката на “Жив Мртовец” дефинитивно се надмина себеси и во оваа книга. Додека ја читав дефинитивно не можев да претпоставам како ќе се отплетка приказната. Приказна за многу долго пријателство и за тоа како може тоа пријателство да се распадне како кула со карти. Но, не е ништо како што изгледа на прв поглед.

Кетрин и Рејчел се пријателки уште од мали нозе, целосно неразделни се до еден трагичен момент кој ги уништува животите на двете. Тие две едноставно стануваат само празна обвивка од тоа што беа. И се' што расте со годините е болката, тагата и желбата за одмазда. Но, можеби нешто друго уште преживува. Тие живеат на Фолкандските острови - навистина мирно место ама тоа е место каде што живее мрачна тајна. Почнуваат да исчезнуваат деца кои претерано многу наликуваат на децата на Кетрин кои го изгубија својот живот во трагична несреќа. Кога тоа повторно почнува да исчезнуваат деца, сите се прашуваат дали постои некој болен злосторник помеѓу нив, или можеби е ова дело на Кетрин поради нејзината психичка состојба ? Или можеби има сосема нешто друго...

Книга која покажува колку е важна љубовта, колку е силна мајчинската љубов , како и тоа колку може да е моќно вистинското пријателство. Трилер во комбинација со елемент од драма, пријателство и љубов. Јас лично се пронајдов во некои моменти од книгата и уште повеќе изненаден на способноста на еден родител кога во проблем е инволвирано неговото дете. Сите мајки знаат дека мајчинската љубов нема граници и дека само помислата дека малото дете е исчеснато или е во опасност може целосно да промени една личност.

Дефинитивно ви ја препорачувам книгата бидејќи покрај одличниот опис на околината што писателката го дава, мотивите на книгата ги претставува на феноменален начин.

 

Оцена: 5/5
Автор на рецензијата: Бојан Радичевски