"Вистинскиот за мене" - Кејти Еванс

Брук Дума е млада девојка која го жртвувала својот живот за целосно да се посвети на нејзината кариера. Но, по трагична несреќа, која за жал ја гледа цел свет, нејзиниот живот комплетно се менува. По загубата на нештото што највеќе го сака, а тоа е трчањето, таа наоѓа утеха во спортската рехабилитација и самата таа станува професионалец во таа област.

По долги убедувања таа е приморана да оди на боксерски натпревар со нејзината другарка. Таму таа ќе го види познатиот боксерски ѕвер Ремингтон Тејт - Риптајд. Кога неговите сини очи ќе го “фатат“ погледот на Брук, нејзе ја облива топлина низ целото тело, дури и на места кои таа не била свесна дека можеле да горат.

Ремингтон Тејт е вистински боксерски ѕвер од подземјето. Му нема рамен, тој е силен, мускулест, цвст и презгоден. Сите жени го обожаваат и сакаат да се со него, а мажите му завидуваат. Кога по завршувањето на натпреварот, Ремингтон ќе и' пријде на Брук, ќе и' понуди и работа, нејзиниот свет 
нејзиниот свет повторно комплетно ќе се промени.

Во нивниот сложен професионален однос, започнува борбата за копнеж и страст, доверба и страв... таа е опасно вљубена во него, а тој е толку непредвидлив. Каква ли тајна се крие зад нескротливиот ѕвер и дали Брук ќе ги спушти неговите ѕидови и ќе го скроти ѕверот?...останува вие да дознаете.

Уште кога почнав да ја читам книгава, добив многу коментари од типот “многу е еротска“, и да, уште од самиот почеток е “нападна“ и еротска, но не ми беше ништо премногу, дури и авторката “штедела“ на описи за разлика од други.

Суштината на приказната навистина многу ми се допадна, со оглед што е навистина поучна, и читателите ќе можат да се запознаат со нешто за кое што можеби не слушнале досега, или не знаеле конкретно што е.
Топло ви ја препорачувам, од мене оценка 5.

Автор на рецензија: Ана Јаневска
Книгата може да се порача тука.