"Без страв" - Лурлин МекДениел

Тревис Морисон е тинејџер кој е одличен пливач и нуркач. Ги има освоено сите медали на сите натпревари во неговото училиште. Сите го сметаат за бестрашен тип.

Еден ден, тој заедно со својот најдобар пријател Купер, неговата девојка Дарла и неговата помала сестра Емили ќе отидат на езеро со бродче, каде што тој ќе одлучи дека сака да скокне од една од највисоките карпи во местото каде што живеат. Скокајќи, тој чувствува како нешто во неговиот колк и нога се крши. По трагичниот пад, неговиот пријател го спасува и заедно сите го носат во болница, каде што по неколку тестови ќе му биде дијагностициран рак на коски. 

По дијагностицирањето на ракот, докторите му соопштуваат на Тревис и на неговото семејство дека ќе мора да му ја ампутираат ногата. Тоа е нешто незамисливо за него, но и покрај неговото противење сепак ќе мора да се согласи за да го победи ракот. Но, не е се’ така лесно. И покрај ампутирањето, неговиот рак се проширува на неговите бели дробови, и тој е приморан да оди на хемотерапија,зрачење и радијација.

И покрај толкава борба со ракот, Тревис веќе почнува да губи надеж и сака да го превземе остатокот од животот во свои раце и под негова контрола. Дали тој ќе го убеди неговиот најдобар дугар, неговата девојка или неговата сестра да му помогнат во неговите планови и што ќе се случи на крај?

 

"Без страв" - Лурлин МекДениел

Оценка: 5/5

Автор на рецензијата: Ана Јаневска