"Баш ме заболе - како да не ти е гајле за неважните нешта"

"Посветеноста ти дава слобода затоа што вниманието веќе не ти го одземаат неважни и невредни нешта."

Книга - водич за самопомош во која Марк Менсон ќе успее да ви ја покаже суровата реалност на еден поинаков и реален начин. Девет поглавја, секое со своја посебна приказна. Во овие поглавја, тој ќе ви покаже како да не ви е гајле за неважните нешта, ќе ви ја посочи погрешноста во чувствување вина, ќе ве увери дека на прашањето "Како?" нема одговор, ќе сфатите дека неуспехот е вистинскиот пат кон напред- ова се дел од многуте поглавја кои чекаат на вас.

Марк Менсон, сака да ја докаже вистинската страна на тезата, дека "позтивното мислење е она клучното што не води кон среќен и исполнет живот".

Тој вели: "Море кој ја "врти" позитивноста. Да бидеме искрени нештата се зафркнати но, немаме избор освен да живееме со нив онакви какви што се."

"Довербата е како чинија од кинески порцелан. Ако ја скршиш еднаш, со посветување нега и внимание можеш да ја залепиш. Но, ако ја скршиш повторно, таа се распарчува на уште повеќе парчиња и потребно е многу повеќе време за да се залепи повторно. И колку повеќе се крши, толку е поголема веројатноста да се стигне до точката кога веќе не е можно да се залепи уште еднаш. Веќе има премногу скршени парчиња и премногу прав."

Тој ја изнесува и брани тезата дека луѓето, се суштества со свои маани и ограничувања.

"Не може да биде секој исклучителен - општеството е сочинето од победници и губитници, а нешто од сето тоа ниту е фер, ниту, пак е по твоја вина."

Секој од нас треба да ги препознае и спознае своите ограничувања, а со тоа и да ги прифати. Откако еднаш ќе ги прифатиме нашите стравови, грешки и несигурности, откако ќе престанеме да бегаме и да ги избегнуваме болните вистини, дури тогаш ќе можеме да тргнеме во потрага по храброста и самоувереноста по која сме трагале долг период.

"Ќе почнеш се повеќе да ги цениш најобичните, најсекојдневни животни искуства: задоволствата што произлегуваат од пријателството, од создавањето нешто, од помаѓањето некому во неволја, од прочитувањето добра книга, од смеењето со некој што ти значи и за којшто се грижиш."

Марк Менсон е познат блогер, неговата прва книга е "Баш ме заболе - како да не ти е гајле за неважните нешта". Одлична книга- водич за самопомош која ќе успее да ви помогне и промени многу работи кај вас.

 

"Е, баш ме заболе"

"Се' е заебано"

Автор на рецензија: Изабела Велковска