"А кое дете не сака да заспие со приказна?"

Како родител, вие сте пример за децата и несомнено, колку почесто ве гледаат со книга во рака, толку се поголеми шансите да се вљубат во читањето. Редовните дружби со книгата од мали нозе водат до доживотна љубов кон пишаниот збор така што детскиот вокабулар се збогатува со нови зборови односно зборови кои не ги користиме во секојдневниот говор. Исто така читањето е клучна алка во образовниот процес и основа за успех. Истражувањата покажуваат дека децата на кои родителите редовно им читаат, постигнуваат поголем успех на училиште. Од многубројните воспитни влијанија што училиштата можат да ги отварат во правец на зајакнување на воспитната функција, посебно се издвојува воспитната улога на литературата за деца (низа сказни, бајки, сликовници, раскази, романи, поезија, басни и списанија).

Ви ги препорачуваме магичните бајки кои кријат големи поуки и ќе се врежат длабоко во детското срце.

Разгледајте тука.
 
 
 
 “А кое дете не сака да заспие со приказна?”
Посветете му барем 30 минути дневно од вашето време и зајакнете ја врската со вашето детенце.


 КНИГАТА НЕКА БИДЕ НЕГОВ НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ.