Агата Кристи: “За сѐ што се сака, мора да се плати некоја цена.”

Британката која им го размрдува светот на сите љубители на крими приказните, со нејзините мистериозни романи и раскази. Агата е една од најпознатите писателки, а според Гинисовата книга на рекорди, таа е и најпродаваниот автор на сите времиња. Нејзините книги се продадени во повеќе од 2 милијарди примероци ширум светот и се преведени на повеќе од 50 јазици.

Агата Кристи имала малку поразлично детство од тоа што ние го знаеме, таа е надарена писателка што немала формално образование. Ја школувале во домашни услови и голем дел од слободното време го поминувала со своите миленичиња, слугите и замислените пријатели.

Агата засекогаш ќе остане запаметена по ликовите во мистериозните новели кои ги изградила, особено детективот Херкул Поаро и госпоѓицата Џејн Марпл.

 

ЧИТАЈ КНИГА ви издвојува неколку нејзини мисли:

  1. “Сите ми рекоа – Следи го срцето. Го следев и ми го скршија.“
  2. “Добриот совет скоро никогаш не се применува, но тоа не значи дека нема потреба да го дадете.“
  3. “За секој проблем, постои наједноставно решение.“
  4. “Само луѓето кои ги сакаш можат да ти го направат животот неподнослив.”
  5. “Не ги признаваме вистинските важни моменти во животот, се додека не биде прекасно.”
  6. “Сите гревови оставаат долги сенки.”
  7. “Малку од нас се онакви какви што изгледаат.”
  8. “Тајната на успехот е во тоа да започнеш.”
  9. „Кучињата се паметни. Тие ползат до најтивкиот агол, си ги лижат раните и не му се враќаат на светот додека не се целосно подготвени.“
  10. „Никогаш не прави нешто, што може да го направат другите за тебе.“
  11. „Инстинктот е неверојатно нешто. Не може ниту да се објасни ниту да се игнорира.“
  12. „Стравот е нецелосно знаење.“
  13. „Звучи невообичаено, но само кога ќе ги видите луѓето во апсурдни и смешни ситуации, станувате свесни колку ги сакате.“
  14. „Никогаш не кажувај сѐ што знаеш – дури ни на личноста што ја познаваш најмногу.“

За сите обожаватели на Агата, нејзината автобиографија можете да ја најдете тука

За сите вас, во стилот на брилијантната Агата Кристи, Софи Хана нè води низ една ѓаволски замрсена загатка, која не може да ја разреши никој освен ненадминатиот Херкул Поаро. "Убиства во монограм"