
Септември 1940: Бомбардирањето почнува. Воздушните напади на Лондон траат со месеци. Секоја вечер, десетици илјади луѓе се засолнуваат во подземјето: спијат на платформи, на ескалатори, до шините. И таму, длабоко под земјата, се запознаваат четворица млади.
Квин има петнаесет години. Таа побегнала од дома со торба полна накит и сака да го смени светот. Џеј има изгубено сѐ, па навистина нема зошто да му биде гајле за правилата. Себастијан е постариот брат на Квин, но таа не го спомнува неговото име. За неговото семејство, тој повеќе не постои. Ела има четиринаесет години и таа е онаа која ја раскажува приказната. Таа се чувствува невидливо, особено поради болеста во изминатата година. Но тогаш се појавува тунелот.
Ана Волц е една од најпопуларните современи холандски авторки, особено позната по своите длабоки и емотивни приказни. Нејзините дела се издвојуваат по своето чувствително прикажување на сложени теми како што се пријателството, идентитетот, загубата и издржливоста. Волц има добиено низа престижни награди за своето пишување, како и многу пофалби не само за интригантните заплети туку и за емоционалната длабочина и нијансираните ликови.