
Во совршениот дом постои само едно правило: Не ѕиркај зад затворената врата…
На Мили Каловеј ѝ е тешко да најде работа каде што нема да ја распрашуваат за нејзиното минато. Затоа е неизмерно благодарна кога семејството Гарик ја ангажира да го чисти нивниот прекрасен стан со неверојатен поглед на Менхетн и да подготвува префинети оброци во нивната модерна кујна.
Сè изгледа речиси совршено – само што сè уште не ја видела госпоѓа Гарик, која е постојано затворена во една од гостинските соби. Мили ја слуша како плаче и забележува дамки од крв на нејзините бели ношници кога ги пере алиштата. Еден ден не може да издржи и тропнува на вратата, која тивко се подотвора. Тоа што го гледа внатре менува сè…
Тогаш се заветува. На крајот на краиштата, веќе го има направено тоа порано. Таа може да ја заштити госпоѓа Гарик и истовремено да ги зачува своите тајни.
Даглас Гарик ќе плати. Прашање е само колку далеку е подготвена да оди куќната помошничка.