Eдно украдено кафе. Една мала лага. Ептен згоден тип. И едно од оние запозна- вања што се случуваат само во најдобрите филмови. Изабела Шеј, обично, е многу искрена личност. Но, кога постои можност да задоцни на првиот ден на својата работа од соништата и го слуша баристата како трипати ја повикува „Ејми“ без никој да се јави, не размислува двапати – се претставува како Ејми. На крајот на краиштата, тоа е истото кафе што го нарача и веќе го плати, па каква штета може да има? Освен тоа, подготвена е да ја прифати лошата карма што, можеби, си ја навлече, само за да стигне навреме. Но, кога ќе се сврти и ќе се судри со најзгодниот маж што некогаш го видела истурајќи му го кафето врз кошулата и вратоврската, кои како да се излезени од модно списание за мажи, срцето ѝ потскокнува. Каква лоша карма? Хемијата меѓу нив е очигледна уште од првиот миг и пред неа се отвораат безброј можности... сè додека тој не рече: „Претпоставувам дека ќе се видиме утре, Ејми.“ Изи мисли дека следниот ден ќе може да ги среди работите. Но, кога прис- тигнува во новата канцеларија и го запознава директорот на својот оддел, Блејк Филипс, сфаќа дека тоа е преслаткиот непознат маж од кафулето. И, можеби, е шармантен со „Ејми“, но со Изи е арогантен муртенко – таков кому нејзиното објаснување воопшто не му е смешно. Сепак, малку по малку, привлечноста меѓу нив почнува да расте и ќе мора да најдат начин да работат заедно – без да пламнат – од гнев или од страст.