
Ив води убав, спокоен живот. Секое утро се буди со бакнеж од нејзиниот прекрасен и згоден сопруг, Нејт, пред да тргнат кон гимназијата во која и двајцата предаваат. Нивното секојдневие тече како подмачкано. Или барем така изгледа.
Нејт, обожаван од учениците и колегите, упорно одбива да ѝ обрне повеќе внимание. Парите не им стигнуваат, а згора на сѐ, оваа година и двајцата треба да ѝ предаваат на најпроблематичната ученичка, 16-годишната Ади, која е причината што минатата година еден од најдобрите професори во училиштето беше принуден да си замине. Ништо никогаш не беше докажано, не беа поднесени обвиненија, но гласините беа доволни. Затоа што кога некој ќе се посомнева во врска меѓу професор и ученичка, последиците секогаш се тешки.
Сите знаат дека на Ади не може да ѝ се верува. Дека лаже и манипулира. Уништува туѓи животи. Барем така се зборува. Но лекција број еден во оваа гимназија е да не веруваш никому. Некои гласини кријат далеку пострашни тајни.
„Професорот“ е мрачен, психолошки трилер со бројни остроумни пресврти што ќе ги држат читателите во неизвесност до последната страница.