ИСЧЕЗНАТ ВО ЛЕТ - ОДРИ Џ. КОЛ
“Клаустрофобична, интензивна и невозможно е да се остави.” - Виктор Метос, бестселер автор
Од USA Today авторката на бестселери Одри Џ. Кол, пристигнува вознемирувачки трилер за жена соочена со незамисливото - нејзиното бебе исчезнува за време на лет кон Њујорк.
Кога набрзина се враќа на своето седиште, Микејла Роси чувствува олеснување што сè изгледа мирно. Но кога погледнува кон своето заспано бебе, олеснувањето веднаш се претвора во паника. Колевката е празна.
Лиам го нема.
Тоа беше долг лет од Анкориџ до Њујорк. Бидејќи стјуардесите беа зафатени, Микејла неволно замоли патничка да внимава на нејзиниот син додека таа отиде до тоалетот. Ја немаше само неколку минути. А, сепак, на триесет илјади стапки височина, тој исчезна.
Патниците и екипажот го пребаруваат авионот, но без успех. А, кога никој не се сеќава дека ја видел со бебето, сомнежот се насочува кон неа. Сигурна е дека не го губи разумот, како нејзината мајка - пред очите на целата јавност. Само Џек да беше тука, нејзиниот сопруг ќе ѝ поверуваше. Како успешен банкар објавен во Форбс, можеби и ќе помогнеше.
Но овојпат Микејла е сама. И ќе мора да размислува брзо ако сака да го пронајде својот син – пред да биде предоцна.
„Одри Џ. Кол е на врвот на својата игра во овој возбудлив, навистина оригинален трилер зад затворени врати. Беспрекорно испланиран со шокантни пресврти на секој чекор, не можев да престанам да ги вртам страниците!“ - Сузан Волтер, бестселер автор
ШПИОНСКИОТ БРЕГ - ТЕС ГЕРИТСЕН
Новиот шпионски трилер на авторката Тес Геритсен нè носи во мал град во Мејн, каде што пензионирана службеничка од ЦИА се бори со духовите од своето минато. Поранештата шпионка Меги Брд доаѓа во приморското село Пјурити, во Мејн, желна да го остави минатото зад себе откако една мисија трагично тргнува наопаку. Сега мирно живее на својата фарма за кокошки, сè уште претпазлива за последиците од настаните кои ја присилиле рано да се пензионира.
Кога на пристапниот пат на нејзиниот имот е оставен труп, Меги знае дека тоа е порака од поранешните непријатели кои ја немаат заборавено. Меги за помош му обраќа на друштвото нејзини стари пријатели, сите локални жители, сите пензионери во ЦИА, за да ја откријат вистината кој и зошто се обидува да ја убие. Клубот Мартини, како што се нарекуваат, можеби се состои од пензионери, но тие сè уште се вешти во работата која им вдахнува трошка возбуда во прилично мирниот пензионерски живот.
Работата им ја усложнува Џо Тибодо, вршител на должност началника на полицијата во Пјурити. Повеќе навикната да се справува со насилнни туристи отколку со убиства, Џо е вчудовидена од отпорот на Меги да споделува информации, но и од нејзиното друштво, кое секогаш е чекор пред Џо.
Додека истрагата на Џо се судира со маневрите на клубот Мартини, потрагата по одговори ја присилува Меги повторно да се соочи со својата тајна кариера ширум светот, од Бангкок до Истанбул и од Лондон до Малта. Духовите на нејзиното минато се враќаат, но со помош на другарите и неволната Џо Тибодо, Меги за малку успева да го спаси животот што го изградила.