TAA...
Во срцето на сончевата Тоскана, каде што лозјата кријат повеќе тајни отколку грозје, една девојка којашто животот си го има изградено на разум и контрола, добива задача што изгледа сосема обично – проценка на имот чиј сопственик е мистерија. Во свет каде што секоја тајна може да биде опасност, а секој поглед искушение, она што почнува како обична деловна обврска, брзо се претвора во лична борба. Зад вратите на тој имот се крие свет на моќ и тајни кој не ѝ е познат.
TOJ...
Мистериозниот наследник, чие име и презиме носи повеќе страв отколку почит, кој доаѓа од свет на моќ, од пари и сенка на мафија, открива дека наследството не носи само богатство, туку и минато од коешто не може да се избега. Минато обвиено со моќ, тајни и сенки што не исчезнуваат.
TИЕ...
Меѓу двата различни света, каде што живеат и немирите на сопствените срца, се раѓа љубов што пркоси на лагите, стравовите и крвта. Љубов што започнува во лага, но преживува во вистини што
носат опасност, и станува посилна од сите предизвици.
Може ли љубовта да никне таму каде што вистината се крие зад маски? И, кога срцето е на крстосница помеѓу доверба и опасност, единственото прашање е: дали љубовта може да
преживее таму каде што животот има цена...